Градоначалникот Заев со членови на Советот на општина Струмица во посета на Електростаљ

Делегација од општина Струмица предводена од градоначалникот Зоран Заев, престојува во четиридневна посета на градскиот округ Електростаљ од московската област на Руската федерација. Посетата е возвратна, по двете направени на општина Струмица од страна на делегации на Електростаљ. Во делегацијата на општина Струмица, покрај градоначалникот Зоран Заев се и претседателот на Советот, Јосиф Христов и членовите Зоран Пакетов, Ацо Ѓорѓиев и Методи Витанов. Делегацијата на Струмица со највисоки почести е пречекана во Електростаљ и покрај средбата со највисокото раководство на овој московски округ, во рамките на досегашниот престој реализирани се  повеќе средби со претставници на бизнис секторот, на културните, спортските и повеќе општествени организации.

Првиот човек на Електростаљ, Андреј Суханов, изрази големо задоволство од посетата на делегацијата од општина Струмица, а такво задоволство сподели и градоначалникот Зоран Заев и двајцата ја нагласија желбата за продлабочување на соработката во сите области.

Во Електростаљ беше презентирана општина Струмица со сите нејзини карактеристики и потенцијали, што предизвика голем интерс кај присутните на презентацијата, што се потврдува со бројните прашања кои што беа упатени  до градоначалникот,  Зоран Заев.

Градоначалникот Заев на првиот човек на Електростаљ, Суханов, му врачи посебна покана за посета на Струмица од страна на претставниците на  секторот за образование на овој градски округ.

Општина Струмица и Електростаљ се збратимија и воспоставија пријателски односи во декември минатата година.

Comments are closed.