СОУ „Димитар Влахов’’ го одбележа Светскиот ден на храната

Со промоција на богатата понуда на солени и слатки специјатети карактеристични за струмичкото поднебје, учениците од СОУ „Димитар Влахов’’ денеска го одбележаа Светскиот ден на храната во Домот на АРМ.

На прекрасно аранжираните штандови, учениците од земјоделската и прехранбената струка како и вработените во оваа средно општинско училиштепрезентираа разновидна храна и прехранбени производи од бизнис партнерите на училиштето, а посетителите имаа можност не само да гледат, туку и да пробат од понуденото.

„Со задоволство ја организираме манифестацијата потврдувајќи ја долгата традиција на нашето училиште уште од далечната 1946 година и неговите успеси кои го направија едно од најпознатите средни училишта во државата. Ние сме земјоделски крај и со задоволство едуцираме млади и квалитетни кадри кои почнуваат сопствени, но и ги продолжуваат веќе започнатите семејни бизниси од областа на земјоделството и преработувачката индустрија’’ – рече Димитар Ѓорѓев, директор на СОУ „Димитар Влахов“.

Светскиот ден на храната СОУ „Димитар Влахов’’ го одбележува веќе дванаесет години.

Comments are closed.