Хоризонталната сигнализација е обновена на површина од 1.500 метри квадратни

Улиците во градот добиваат нов изглед со обновувањето на хоризонталната сообраќајна сигнализација. За четири дена, обележани се вкупно 1.500 метри квадратни, од кои поголем дел се пешачки премини, стоп линии и паркинг површини. Најголем дел од планираните активности се реализирани на улиците „Климент Охридски“, „Ѓорѓи Василев“, булеварот „Ленинова“ и на повеќе крстосници.

Најголем проблем во досегашното обновувањето на хоризонталната сообраќајна сигнализација  има кај обележувањето на паркинг површините поради паркираните моторни возила. За да се надмине овој проблем и обновувањето на хоризонталната сигнализација да тече според планираната динамика, се апелира до граѓаните во попладневните часови кога и се врши обележувањето, да ги гаражираат сопствените моторни возила доколку имаа услови за тоа или да ги преместат на друго место.

Comments are closed.