Родителите на струмичките средношколци се информираа за употребата на дрога во училиштата

Претставниците од Советите на родители од средните општински училишта, чиј основач е општина Струмица, одржа едукативна презентација на тема „Познавање на дрогата и превенција“. Презентацијата е одржана во рамките на редовните активности на Локалниот совет за превенција од општина Струмица, а во соработка со Одделението за превенција при СВР-Струмица и Медицински центар-Струмица.

Претставниците од СВР-Струмица ги информираа присутните од кривично-правен аспект за неовластеното производство и пуштање во промет на опојни дроги и други опијати и прокурзори, а психијатарот д-р Љиља Танева на родителите им објасни како да ги препознаат знаците на употреба на дрога и што во таков случај да се превземе.

Родителите имаа прилика да поставуваат прашања и да дискутираат за актуелните состојби со злоупотребата на дрогата и другите опијати и прокурзори, а посебен интерес беше пројавен за новите видови опијати, кои се произведуваат по синтетички пат.

Comments are closed.