Основците се дружат преку Отворените забавни фудбалски школи

На спортските терени во Oпштинското основно училиште „Никола Вапцаров“ денеска започнаа Отворените забавни фудбалски школи.

Во наредните четири дена, преку 140 ученици од оваа училиште ќе се дружат и заедно ќе спортуваат, а како подарок ќе добијат капи, маици и реквизити.


На отворањето на школите, присуствуваше и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов
„Овој проект тече од 2000-та година, а осум години по ред е финансиран од буџетот на општина Струмица. Порано, овие отворени забавни фудбалски школи се реализираа на стадионот „Младост“.  Но, за да бидат поблиску до децата и за да може во нив да се вклучат што поголем број деца, почнаа да се одржуваат на спортските терени во училиштата’’ – рече Христов.


Покрај учениците од ООУ „Никола Вапацаров’’, на Отворените забавни школи ќе учествуваат и учениците од Основното општинско училиште „Сандо Масев’’.

Comments are closed.