Општина Струмица по четврти пат во „Форуми во заедницата“

Општина Струмица е избрана за учество во програмата „Форуми во заедницата“ во периодот 2014/2015 година, финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

По тој повод, денеска,  градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев и раководителот на Одделението за локален економски развој, Тони Милушев, одржаа средба со претставниците на Единицата за координација на форумите на која се разговараше за содржината на новата фаза и подготовките  за нејзино имплементирање.

Претставниците на Единицата за координација на форумите го изразија задоволството што повторно  ќе работат со општина Струмица која за оваа фаза има буџет од 825 илјади денари. Досега, општина Струмица има учествувано во три фази во програмата „Форуми во заедницата“ и има стекнато одлични искуства во директното вклучување на граѓаните во процесот на донесување на  одлуки на општинско ниво и во планирањето на приоритетни проекти во буџетот на општината.

За оваа фаза од програмата „Форуми во заедницата“ аплицираа 30 општини, а Струмица е избрана меѓу десетте во кои ќе се спроведуваат буџетски форуми за 2014/2015 година.

 

Comments are closed.