Општина Струмица: Изградбата на фудбалското игралиште во Струмица е општински, а не проект на Владата

Општина Струмица денеска демантираше дека Агенцијата за млади и спорт во Струмица го гради помошното фудбалско игралиште во Струмица кое Владата го објави како еден од своите проекти во првите 100 дена од своето работење.
Како што вели Ристо Секулов од Одделението за спорт при Општина Струмица, Агенцијата за млади и спорт се јавува само како иницијатор во изградбата на игралиштето, но не и како финансиер.


„Општина Струмица како професионална, сериозна и транспарента институција одговорно тврди дека аргументите на изградбата на игралиштето не оди во вистината на очетот на Владата. Игралиштето со вештачка трева го гради Општина Струмица во соработка со Фудбалската федерација на Македонија. Треба да се знае дека на товар на општината одат градежните активности како што се адаптација на теренот, приклучување на водоводна и електрична мрежа, оградување, поставување на трибини и рефлектори и соблекувални’’ – изјави на денешната прес конференција Ристо Секулов.


Изградба на игралиштето е проект кој чини 430 000 евра, од кој 330 000 евра се финансирани од буџетот на општина Струмица. Вештачката трева во вредност од 100 000 евра е донација од Фудбалската федерација на Македонија преку Хет трик програмата.

Comments are closed.