Волонтери од ЦК ги информираа струмичани за дијабетесот

Членовите на Клубот на млади волонтери при Црвен крст Струмица делеа флаери со едукативна содржина за превенција од дијабетесот по повод одбележувањето на неделата на оваа болест. Акцијата се одвиваше во центарот на градот.


„Покрај флаерите, младите и усно делеа совети на граѓаните како да се заштитат. Со оваа, покрај хуманитарните акции кои ги органиира организацијата на Црвен крст Струмица, истата се грижи и врши здравствено -превентивна заштита на граѓаните’’ – вели Заге Каменлева од Црвениот крст – Струмица.


Црвен крст на Македонија традиционално ја одбележува неделата на дијабетесот од 10 – 16 октомври.

Comments are closed.