Беласица убедлива, Тиверија со пораз во осмото коло

Фудбалерите на Беласица со убедлива победа од 3:0 на домашен терен славеа над Работник Џумајлија во рамки од осмото коло. Миџоров со два погодоци и Гарбашлиев со еден погодок се стрелците на овој натпревар. Со оваа победа Беласица и понатаму останува на лидерската позиција со плус четири бодови во однос на второ пласираната Плачковица која ремизираше со Напредок З. Радово играјќи 1:1.


Во следното коло Беласица гостува кај Осогово, тим кој што моментално е пласиран на 4-тото место со 13 бодови.
Тиверија на гостувањето кај 14 Октомври 1946 загуби со 2:1. Со овој пораз фудбалерите на Тиверија и понатаму остануваат на деветото место со 8 бода. Во деветото коло Тиверија на домашен терен го пречекува тимот на Овче Поле од Свети Николе, кој што е пласиран на петото место со 12 бодови.
Лидер и понатаму останува Беласица со 22 бодови, на второто место е Плачковица со 18 бодови, додека трето пласиран тим е Напредок Радово со 15 бодови. На долниот дел од табелата мала промена, 14 Октомври 1946 со победата на Тиверија од 12-тото место се искачува на 11-тото место со 4 бодови, додека Слога 1934 со 3 бодови од 11-тото место се сели на 12 место.

Автор: Александар Ванев

Comments are closed.