Мирна недела за струмичките пожарникари

Во периодот од 6 – 12 октомври, Територијалната противпожарна единица интервенирала три пати на територијата на општина Струмица.
Најдолгата интевенција траела 55 минути кога пожарникарите гаснеле опожарен дел од индивидуална куќа во Струмица, потоа гаснеле запален отпаден материјал во селото Добрејци и технички интервенирале по сообраќајна незгода што се случила на регионалниот пат Струмица – Радовиш.

Comments are closed.