„Комуналец“ ги дезинфицираше контејнерите за отпад

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ во изминатите два викенда спроведе голема акција за миење и дезинфекција на контејнерите за отпад во градот.

Вкупно 196 контејнери беа повлечени од местата на кои се наоѓаа и однесени во кругот на претпријатието, каде се изврши комплетно чистење со дезинфекција и повторно се вратени назад. Истовремено, со чистењето се изврши и поправка на оштетените контејнери и замена на тркалата. Од ЈПКД „Комуналец“ информираа дека замената на тркалата ќе продолжи и оваа недела бидејќи е проблем кој што е присутен кај поголем дел од контејнерите, а во овој период ќе заврши и поправката и дезинфекцијата и на останатите триесетина контејнери, со што целосно ќе заврши акцијата која што редовно се спроведува во овој период од годината.

Comments are closed.