Во Муртино се одржа Поетски караван на Друштвото на писателите на Македонија

Во организација на Друштвото на писателите на Македонија, поетскиот караван „Почувствувај ја Македонија со шестото сетило – срцето“ вчера престојуваше во црквата „Свети Ѓорѓија“ во населеното место Муртино. Караванот беше вистинско културно доживување за жителите на Муртино, но и за гостите.

Во дворот на цркавата, истакнати македонски поети рецитираа, ликовните уметници цртаа, актерот Мите Грозданов ја изведе монодрамата „Одбраната на Св. Кирил пред папската столица во Рим“, а Вера Стојчевска – Антиќ го претстави научниот труд „Наследниците на цар Самуил“.

Свој голем придонес во овој поетски  караван даде и  големиот ликовен уметник, Глигор Чемерски, кој отстапи дела од неговиот циклус за Св.Ѓорѓи.Од името на општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев, учесниците и гостите на караванот „Почувствувај ја Македонија со шестото сетило – срцето, ги поздрави Ацо Ѓорѓиев, член на Советот на општината.

 

Comments are closed.