Манојло Ристиќ од Србија е победникот на рели крос во Струмица

Минута и дванаесет секунди е најдобриот резултат за поминување на патеката со теренско возило на Меѓународниот рели крос што се одржа во Струмица. Специјалната награда ја доби Манојло Ристиќ од Србија, а признанието му го додели градоначалникот Зоран Заев.

Второпласиран е Македонецот Панчо Чупароски (01:17) додека  третопласираниот е Србинот Милан Милановиќ (01:18).
Во категорија на жени возачи,најбрза беше Србинката Милица Ристиќ која за минута и триесет секунди ја помина патеката долга 1200 метри. На второто место е Елизабета Павливска (01:46) и трето место Ивана Манчева (01:55)


Во категорија на автомобили, најбрзиот возач беше Митко Поп Иванов (01:22), потоа Бранко Велковски (01:23) и Миле Кољушков (01:26)
Во категорија на олдтајмери првопласиран е Зоран Мазновски (01:29), на второто место се наоѓа Далибор Даневски (01:31) а третото место го зазеде Драги Петрушевски (01:33).



На Меѓународното рели крос што за прв пат се одржа во Струмица, учествуваа 36 натпреварувачи од Србија, Македонија и Албанија.

Comments are closed.