Што прикажа Турново во изминатите 10 кола во ПМФЛ

Фудбалерите на Турново во изминатите десет кола оствариле 4 победи, во два натпревари одиграле нерешено и во 4 натпревари загубиле, со што тие се рангирани во моментов на седмото место со 14 бодови.
Во овие десет натпревари Турновци постигнале 12 погодоци, додека пак нивната мрежа била погодена 13 пати.
Во следното коло кое што ќе се игра на 19 октомври во недела со почеток од 14:30 часот, Турново гостува во Битола кај Пелистер, кој што во моментов е на 5-тото место со 15 бодови.


Во овие десет кола, најмногу погодоци постигнале фудбалерите на Шкендија односно 22, додека најдобра одбрана прикажале фудбалерите на Пелистер кој што примиле само 4 погодоци, на овие десет натпревари.
На врвот на листата на стрелци е Вручина од Шкендија со 9 погодоци, додека од редовите на Турново најдобар стрелец е Георгиев со 5 погодоци и заедно со Алтипармаковски го дели третото место.
На врвот на табелата нема промени, Вардар и понатаму без пораз е лидер со 24 бода, на второ место е Шкендија со 18 бодови, додека на долниот дел од табелата останува Тетекс со 2 бода, а едно место погоре е Брегалница со 5 бода.
Во следните пет кола Турново се среќа со Пелистер во 11 коло, во 12 коло силите ќе ги одмери со Шкендија, потоа следува натпревар со Брегалница, во 14-тото коло Турново на домашен терен ќе игра со моменталниот лидер Вардар, и во 15-тото коло Турново ќе гостува кај Тетекс.




Автор: Александар Ванев

Comments are closed.