Во Струмица одбележан Денот на народното востание на Македонија

Со оддавање почит на борците од НОБ и пригодна свеченост, општина Струмица го одбележа Денот на народното востание на Македонија, 11 октомври.
Пред споменикот на Револуцијата во Градскиот парк се положи свежо цвеќе, а за значењето на празникот зборуваше претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.
Свеченоста ја одбележа и читање на револуционерна поезија на децата од Домот за деца и млади „Благој Мучето“.

Comments are closed.