Подготвена патеката за утрешното крос рели во Струмица

Патеката кај реката Тркања, на влезот на Струмица од страната на Валандово, на која утре ќе се одржи Меѓународно рели крос со теренски возила и автомобили, е потготвена за натпреварот.
На релито, кое започнува во 12 часот, ќе учествувуваат 36 натпреварувачи во три категории – теренски возила, олд- тајмери (постари од 30 години) и автомобили.
Натпреварувачите се од Србија, Македонија и Албанија, интересното е дека ќе настапаат и три жени возачи, а помеѓу рели возачите ќе се најдат и струмичани.


Како награди на Меѓународното рели крос со теренски возила и автомобили ќе бидат доделени три медали во секоја категорија како и специјална награда за победникот во генерална квалфикација со терески возила.

Comments are closed.