КК Струмица ја отвара сезоната против КК Куманово

Кошаркарите на Струмица во недела со почеток во 18 часот на домашен терен во спортската сала „Парк“ ги пречекуваат кошаркарите на КК Куманово, во рамките на првото коло во првата лига.
КК Струмица во првиот натпревар во новата сезона може да смета на странците Шибалич, Брукс, Каралиќ, додека од домашните играчи на располагање стојат Цветков, Спасев (кој што е роден 94 година), Хасанов и Узунов (роден 93 година).

КК Куманово важи за фаворит на овој натпревар, но од стручниот штаб на КК Струмица велат дека нивната екипа е составена од искусни и млади кошаркари, со што сите гледачи кој ќе бидат присутни во салата ќе гледат интересен натпревар, со борба за победа до самиот крај.
Колото го отвараат екипите на Кожув и Карпош Соколи утре, во сабота Работнички ќе игра протв Т-Баскет, додека во недела заедно со Струмица и Куманово, ќе играат и Водњански Лисици против Универзитетскиот Клуб Гоце Делчев од Штип, кој што за прв пат ќе игра во првата лига. Колото го затвараат екипите на МЗТ Скопје против кошаркарите на Фени Индустри.

Автор: Александар Ванев

Comments are closed.