Градинарскиот тим на ЕД „Планетум’’ го заврши овогодишното уредување на градот

Со доделувањето на благодарници на учесниците и партнерите, Еколошкото друштво „Планетум’’ официјално го заврши овогодишниот проект „Биди зелен, биди дел од герила градинарски тим’’.


Проектот го сочинуваше одржување на креативни работилници за млади како и уредување и разубавување на делот од јавните површини во Струмица – пред Пожарната единица, Заводот за статистика, СОУ „Димитар Влахов’’, градинката „Детска радост’’ и Централниот регистар.


„Биди зелен, биди дел од герила градинарски тим’’ е спроведен во партнерство со Одделението за заштита на животната средина при Општина Струмица,а финансиски е подржан од ЕВН-нет мрежата за герила градинарство.

Comments are closed.