Роденденско изненадување за градоначалникот Заев

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска наполни 40 години. Најголемо роденденско изненадување му приредија младите струмичани.

Ноќеска, по полноќ, поголема група млади импровизирајќи работа на улица му го блокираа влезот во Струмица по неговото враќање од пат. Кога градоначалникот излезе од автомобилот за да види што се случува, го чекаше вистинско изненадување. Неговите верни поддржувачи, младите струмичани, му ја испеаа роденденската песна, поклонувајќи му торта и колаж од негови фотографии направени од најрана детска возраст до денес и му посакаа многу здравје, среќа и успех.
Градоначалникот Заев им се заблагодари на младите за прекрасното роденденско изненадување и им посака убава иднина со многу здравје и лична среќа.

г

Comments are closed.