И струмичани ќе учествуваат на рели крос со теренски возила и автомобили

Струмица е домаќин на 35 – то Меѓународно рели крос со теренски возила и автомобили коe ќе се одржи на 11 октомври на локацијата кај река Тркања, на влезот на Струмица од страната на Валандово.
На рели крос учествувуваат 36 натпреварувачи во три категории – теренски возила, олд- тајмери (постари од 30 години) и автомобили. Секој се трка посебно, еден возач на стазата.


Натпреварувачите се од Србија, Македонија и Албанија, интересно е дека ќе настапаат и три жени возачи, а помеѓу рели возачите ќе се најдат и струмичани.
Како награди на Меѓународното рели крос со теренски возила и автомобили ќе бидат доделени три медали во секоја категорија како и специјална награда за победникот во генерална квалфикација со терески возила.

Comments are closed.