Во ООУ „Никола Вапцаров’’ се одржа презентација на Детски игри

Во рамките на проектот „Промовирање на детските права и интеркултурна комуникација“, спроведен од Коалицијата на младински организации „Сега“ и подржан од Детската фондација „Песталоци’’ денеска во Општинското основно училиште „Никола Вапцаров“ се одржа презентација на Детски игри. Учениците ги поздрави претседателот на Советот, Јосиф Христов.


„Денеска сме тука да им дадеме поддршка на децата и младите кои беа дел од слушателите на курсевите од летниот камп кој се одржа во с. Банско, општина Струмица во периодот од 23-26 јули 2014 година, во рамките на проектот „Промовирање на детски права и интеркултурна комуникација. Оваа кампања е дел од креативните активности на децата од Струмица кои работеа на принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, промовирање на интеркултурната комуникација, различните вредности, толеранцијата помеѓу младите со различни култури и промовирање на детските права. Преку овој проект веќе е остварена една интеркултурна размена за 40 наши деца со деца од Швајцарија, за што средства за превоз до Детското село во Троген, Швајцарија, обезбеди општина Струмица, а остварени се и две посети на летни кампови од страна на петнаесеттина ученици од ООУ „Маршал Тито“ и СОУ „Јане Сандански“ од Струмица’’ рече во својот поздравен говор, претседателот Јосиф Христов.


Носители на денешната активност, која се одржа во рамките на кампањата за Детската недела, беа ученици кои во своето слободно време извршиле анкета за детските игри кои се играле во минатото и во својот акционен план замислиле идеја за промоција на детските права.

Comments are closed.