Неделата на млади на Црвениот крст се одбележи и во Струмица

Волонтерите од Црвениот крст Струмица овие денови на струмичани во угостителските објекти поделија хуманитарни пораки, информативни флаери и забавни цевки по повод одбележувањето на Неделата на млади на Црвен крст.


Волонтерите од оваа хуманитарна организација организираа двонеделна работилница на која се дружеа и креативно работеа на правење на материјал кој беше поделен претежно на младата популација на граѓани.
Неделата на млади на Црвен крст трае од први до седми октомври.

Comments are closed.