Водоснабдувањето на две улици во градот ќе биде прекинато до 14 часот

Поради изведба на водоводни преприклучоци и денеска ќе биде прекинато снабдувањето со вода на водокорисниците на улицата „Гоце Делчев“, од куќен број 30 до куќен број 40, и времените дуќани околу соборната црква и на улицата „Ѓорѓи Трајков“ од куќен број 7 до куќен број 23.

Од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ соопштија дека прекинот ќе трае од 10 до 14 часот.

Comments are closed.