Осум интервенции на струмичките пожарникари за седум дена

Територијалната противпожарна единица во Струмица имала вкупно осум интервенции во градот и населените места во текот на минатата недела.

На четири локации пожарникари гаснеле запален отпаден материјал, миеле улици од наслаги во селото Градашорци, чистеле коловоз по сообраќајна незгода на патот с. Куклиш – Свидовица, а во селото Водоча повеќе од еден час локализирале пожар предизвикан од запалена сува трева.

Comments are closed.