До 14 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето на две улици во градот

Поради изведба на водоводни преприклучоци ќе биде прекинато снабдувањето со вода на водокорисниците на улицата „Гоце Делчев“ од куќен број 30 до куќен број 40 и времените дуќани околу соборната црква и на улицата „Ѓорѓи Трајков“ од куќен број 7 до куќен број 23. Од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ соопштија дека прекинот ќе трае до 14 часот.

Comments are closed.