Детските градинки ќе добијат еколошко возило за превоз на храна

Пет детски градинки и една народна кујна во Струмица ќе добијат ново еколошко возило за дистрибуција на храна.Ова е резултат на денешниот склучен договор помеѓу градоначалникот Зоран Заев, германската амбасадорка во Македонија Кристине Д. Алтхаузер и директорката на градинката „Детска радост’’, Тинка Маркова.

Купувањето на еколошкото возило чини 14  240 евра, дел е финансирано од Германската амбасада додека општина Струмица ќе учествува со 3000 евра,а градинката „Детска радост’’ со 3240 евра.

„Возилото ќе биде од голем значај за навремено дистрибуирање на храна за дечињата како и за корисниците на nародната кујна. Благодарам на Германската амабасада за препознавање на овој проект која уште еднаш ја потврдува пријателската подршка’’ – изјави градоначалникот Зоран Заев.

Германската амбасадорка Кристине Д. Алтхаузер прв пат доаѓа во Струмица откако од неодамна е поставена на оваа фунцкија.

„Среќна сум што токму првата посета што ја правам во Макеоднија е токму во Струмица. Сакам да истакнам дека Германија е голем пријател на вашата земја’’ –  рече денеска  Алтхаузер во посетата на кабинетот на градоначалникот.

Еколошкото возило за превозење на храна преставува донација од програмата за мали проекти на Германија.

Comments are closed.