Турново минимално поразен на Кукуш од Силекс

Фудбалерите на Турново во 10-тото коло со минимален резултат од 0:1 беа совлдани од кратовски Силекс. Единствениот погодок на Кукуш го постигна Дурански во 46 минута од натпреварот, со што Силекс за Кратово си заминува со три бодови.
За Турновци оваа е пети пораз сезонава, и сега се на седмата позиција со 13 бодови. Во следното коло кое ќе се одигра на 19 октомври, Турново гостува во Битола кај Пелистер.
Во досегашниот дел од сезоната Турново има постигнато 11 погодоци, а примил 13. Лидер на табелата со 24 бодови и понатаму останува Вардар, тим кој што после 10 одиграни кола се уште нема пораз, шест бодови помалку има Шкендија која што е на втората позиција со два порази. На другата страна од табелата и понатаму Тектес со два бодови и Брегалница со 5 бодови.
Најмногу постигнати погодоци во досегашниот тек од сезоната има Шкендија вкупно 22 погодоци, додека најдобра одбрана покажал тимот на Пелистер кој што примил само 4 погодоци.
Најдобар стрелец во редовите на Турново е Георгиев со 5 постигнати погодоци.

Автор: Александар Ванев

Comments are closed.