Во Егејското маало започна поставувањето на атмосферска канализација

Во струмичката населба Егејско маало  започнаа активностите на тампонирање на улицата и поставување на атмосферска канализација во должина од 340 метри. Овој дел на градот е еден од проблематичните во периодот на поројните дождови кои доведуваат до поплавување на куќите.


Градоначалникот Зоран Заев ги посети жителите од оваа населба, а како што вели, проблемот до сега не е решен бидејќи не е донесен детален урбанистички план поради легализирањето на објекти во оваа улица.
„Граѓаните знаат какви беа проблемите, посебно во оваа дождлива година. Ќе решиме крупни проблеми, а со тоа почнува развојот на подземната и надземната комуналната инфраструктура за Егејско маало во Струмица ’’ – изјави градоначалникот.


Жителите од Егејското маало веќе долг период се во обид да го решат проблемот со одводот на вода.
„Јас сум тука веќе 25 години и никој пат не дојдовме до разбирање. На секој дожд, нашите куќи се поплавени, стануваат езеро. Колку пати вработените во „Комуаналец’’ доаѓат со цистерна да црпат вода од поплавените куќи, веќе другари станавме со нив. Голема благодарност до општината и градоначалникот Заев што ни излезеа во пресрет ’’ – вели Сузана Арабаџиева.


Вкупната инвестиција на комуналната инфраструктура и тампонирање на улицата чини 2 200 000 денари, од кој ЈКПД „Комуналец’’ ќе вложи 1 160 000 денари за поставување на цевките и атмосферска канализација.

Comments are closed.