Исчистен каналот на мостот кај село Сачево

Вкупно 36 илјади метри кубни наноси од дрвја, стебла и трски исчистени се од каналот на мостот кај село Сачево во кој истекуваат отпадните и атмосферските води од Крушевската Република.
Есенското чистење ќе овозможи нормално функционирање на атмосферската и на фекалната канализација, а работите околу чистењето на каналот ги презеде Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Струмица.


„Се работи за котата Ка0 каде што излегува фекалната канализација и сите атмосферски канализации од градот, низ поројот Крушевска Република. Овој дел од реката Тркања моравме да го исчистиме, 100 метра од мостот до идната прочестителна станица и 1.250 метри, кон селото Градско Балдовци. Отстранети се наноси од 0,5 – 1,5 метар’’ – рече градоначалникот на Струмица Зоран Заев.
Прочистувањето на каналот е финансирано од општина Струмица и ЈКПД „Комуналец’’ во износ од 5 милиони денари. Во наредниот период ќе следи прочистување на делот од Крушевска Република до вливањето на реката Тркања.



„Комуналец“ во соработка со Канцеларијата на Европската унија и консултантската фирма од Данска се во финална фаза во изработката на физибилити и еколошката студија за аплицирање за добивање на грантот од 9,8 милиони евра кој што ќе овозможи изградба на прочистителната станица.

Comments are closed.