Елисавета Бончева одржа солистички концерт за струмичани

Интересен и шаренолик репертоар во шпанско – француски стил, така изгледаше  синоќешниот концерт на нецосопранот Елисавета Бончева во Центарот на култура „Антон Панов’’.

Во првиот дел, публиката уживаше во изведби на шпанските композиции, додека вториот дел од концертот беше одбележен со оперски арии.

Елисавета Бончева настапи во пиано придружба на Александар Бончев, а специјален гостин на концертот беше Тони Пецанов кој настапи на хармоника.

 

Comments are closed.