Честитка од градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, до граѓаните од исламска вероисповед по повод празникот Курбан Бајрам

Почитувани сограѓани од исламска вероисповед,

Ако хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето и стремежот кон мир и благосостојба, се основните принципи на Вашата вера, тогаш празникот Курбан Бајрам нека биде круна на тие принципи.

 Празнувајќи го Курбан Бајрам со добрина и гостопримство кон своите блиски роднини, соседи, пријатели и сограѓани, и почитувајќи го учењето на Бог, Вие останувате верни на начелата на Исламската вера, кои култивираат и прокламираат хумани и општочовечки вредности.

 Во името на таквите вредности, нека ви е честит и вековит Курбан Бајрам со желба за добро здравје, семејна хармонија и живот по Ваша мерка.

Comments are closed.