Учесниците во летниот камп во Швајцарија ги пренесуваат стекнатите знаења во училиштата во Струмица

По претходно изработен акционен план на активности, учениците од Средното општинско „Јане Сандански“ од Струмица, а кои присуствуваа на Летниот камп што се одржа во детското село Песталоци во Троген, Швајцарија, за учениците од осмите и деветтите одделенија во ООУ „Никола Вапцаров“ во Струмица  ги презентираа главните цели и научените лекции од курсевите за анти-дискриминација.

Преку играта „Како би се чувствувал во туѓ чевел“, учениците дискутираа за перцепцијата и искуството дека не треба да постои дискриминација, а особено внимание беше посветено и на принципот на УНЕСКО кој се однесува на едукацијата за заедничкото живеење.
Во програмата на Детската фондација „Песталоци’’, општина Струмица заедно со партнерската организација МЦГО-Скопје, ги спроведува активностите од проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“ и активно ги поддржува учениците кои учествуваат во летниот камп и интеркултурната размена во Троген, Швајцарија. Активности за презентација на научените лекции за трансформација на конфликти ќе се изведат и за учениците во ООУ „Маршал Тито“ во Струмица.

Comments are closed.