Во септември решени 140 проблеми на граѓаните преку „Систем 48“

До општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ граѓаните на општина Струмица во текот на месец септември, доставиле вкупно 157 пријави. Општинските служби во рамките на своите надлежности решиле 140 пријави за време од 48 часа, а останатите 17 пријави се во процес нарешавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време.

Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ во изминатиот месец се од областа на уличното осветлување 102, од областа на собирање смет 15, водовод и канализација 26 и  5 пријави се од надлежностите на општинските инспекциски служби.Од општинскиот сервис „Систем 48“ апелираат до граѓаните за навремено доставување на пријавите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да  можат  операторите навремено да интервенираат и службите да ги решаваат пријавените проблеми од страна на граѓаните.

Comments are closed.