АМЕРИКАНЕЦ И СРБИН ВО РЕДОВИТЕ НА КК СТРУМИЦА

Кошаркарскиот клуб на АБА Струмица ги објави новите засилувања. Станува збор за Американецот Филип Брукс и Србинот Башал Сањин кои фактички се враќаат повторно во овој македонски состав.

Сезоната ја стартуваше во колумбиската екипа на Букарос Фрескалече, во осум натпревари Брукс кој игра на позицијата бек (188 см., 1985 год.) имаше учинок од 19.1 поен, 3.5 скокови, 2.8 асистенции и 1.1 украдена топка.

Претходно во својата кариера Брукс играше за Пиратас (Колумбија), Ал Хор (Катар), Башкими (Косово) и Куманово (Македонија).

Вториот играч Балаш Сањин во минатата сезона играше за КК Варда Хидроелектрана Вишеград од босанската прва лига, а имаше само пет одиграни мечеви (5.2 поени, 2.8 скокови).

Крилниот центар (204 см., 1989 год.) има играно уште за Пелистер Битола, и српските тимови на Црнокоса и Машинац.

 

извор: Тип.ком.мк

Comments are closed.