Учесниците на глобалната штафетна Tрка за мир попладнево пристигнаа и во Струмица

Учесниците на глобалната штафетна Tрка за мир попладнево пристигнаа и во Струмица.
Тие трчаа од Валандово, а низ струмичките улиците „Маршал Тито” „Балканска“, Булевар „Маршал Тито“ дојдоа на плоштадот „Гоце Делчев“ каде ги дочекаа многу млади струмичани и градоначалникот Зоран Заев кој го прими факелот на мирот.

Во чест на учесниците на Трката за мир, спортистите и учениците од општинските училишта изведоа пригодна културна програма.
Трката за мир има за цел промовирање на меѓународниот мир, единството, пријателството и разбирањето. Таа трае веќе седум месец, а рутатата на учесниците која поминала низ многу држави и градови за сега изнесува 24 илјади километри.
Од Струмица Трката за мир продолжува за Радовиш.

Comments are closed.