Кои лица и правни субјекти ќе имат повластени паркинг билети за зонското паркирање?

За зонското паркирање во градот Струмица, одредени лица и правни субјекти ќе се здобијат со повластени паркинг билети. Тоа се:

Граѓаните чии што живеалишта или работни места се наоѓаат во наведените паркинг зони ќе можат да се здобијат со повластен паркинг билет како и да направат резервација на паркинг места за своите возила. Повластен паркинг билет може да добијат и сопствениците на деловни објекти кои гравитираат на подрачјето на зонското паркирање.

За жителите на градот Струмица чии живеалишта се наоѓаат на подрачјето на зонското паркирање ќе бидат обезбедени повластени паркинг билети за најмногу две возила и тоа 0 денари за прво возило и 300 денари за второ возило по месец. Повластените паркинг билети ќе бидат издадени на сите граѓани на кои адресата на живеалиште на сопственикот на возилото по лична карта е идентична со адресата од сообраќајната дозвола.

За сопствениците на деловни објекти чиишто објекти се наоѓаат на подрачјето на зонското паркирање ќе бидат обезбедени повластени паркинг билети за најмногу три возила и тоа за прво возило 1000 денари за второ 2000 денари и за трето 3000 денари. Повластени паркинг билети ќе добие правниот субјект доколку седиштето на упис во централниот регистар е идентично со одресата на сообраќајната дозвола.

Повластувања се предвидени и за физички лица – вработените кај правен субјект кој со своето седиште гравитира на јавната површина наменета за паркирање. Лицето може да се здобие со повластен паркинг билет ако докаже со потврда дека е во постојан работен однос кај правниот субјект (во која ќе биде потенцирано работното време и повластениот паркинг билет ќе важи само во работно време) и образец М1/М2  . Цената на повластен паркинг билет за  вработените кај правен субјект е 500 денари по месец.

 Лицата со посебни потреби исто така ќе се стекнат со повластени паркинг билети. Во координација со здруженијата на лицата со посебни потреби заеднички се дефинирани паркинг  и согласно законските нормативи обезбедени се 22 паркинг места кои ќе бидат обележени за нивните потреби. Овие паркинг места ќе го имаат третманот на резервирани паркинг места и доколку корисниците не се лица со посебни потреби ќе бидат отстранети, а истите паркинг места ќе бидат празни.

Резервирано паркинг место може да добие секој барател на паркинг место во зависност од потребите на корисникот и капацитетот на слободни паркинг места на јавното паркиралиште. Резервираното паркинг место организаторот на паркирањето се обврзува да го чува празно и да се користи само за потребите на корисникот заради тоа и цената во зона А и зона Б е повисока.

Comments are closed.