Струмичките советници усвоија повеќе предлог – одлуки, извештаи и програми од вчерашната седница

Советот на општина Струмица вчера ја одржа осумнаесеттата седница на која беа усвоени повеќе предлог – одлуки, извештаи и програми. Советниците дадоа зелено светло на кварталниот извештај за извршување на буџетот на општината за вториот квартал од 2014 година и предлог – одлуката за измена на распоредот на средствата во буџетот за оваа година.

Беше усвоен и извештајот од проценката на штетите од поплавата која на први август годинава го зафати подрачјето на населеното место Габрово, како и предлог – програмата за дополнување на програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за оваа 2014 година, предлог – одлуката за означување на условите и утврдување режим на сообраќај во општина Струмица.

На седницата беа усвоени и извештајот за работата на Јавното претпријатие „Паркиралишта – Струмица“ за периодот од 1 јануари до 30 јуни годинава, правилникот за начинот и условите за паркирање, времетраење на паркирањето, односно неговото ограничување и означување на јавните паркиралишта од значење за општината, одлуката за утврдување на ценовникот на услугата на ЈП „Паркиралишта – Струмица“ како и извештајот за работата на Јавното претпријатие за енергетски дејности „Струмица – гас“ за првиот квартал и првото полугодие од оваа година.

На вчерашната седница, членовите на Советот ги усвоија извештаите за работа, предлог – годишните програми во основните и средните општински училишта, програмите за изведување екскурзии и слободни активности во основните училишта, како и извештајот и предлог – годишната програма за работа на ЈОУДГ „Детска радост“.

Comments are closed.