Зонското паркирање во Струмица ќе чини 20 и 30 денари на час

Од втората половина на октомври месец, Струмица ќе биде поделена на две зони за паркирањето во централното градско подрачје, кои ќе опфатат вкуно 756 паркинг места.

Во првата (црвена зона), паркирањето ќе се наплаќа по 30 денари за час, а возилата ќе можат да се паркираат максимум 2 часа (за следното паркирање на исто возило ќе мора да помине минимум 30 минути).

Во втората (жолта зона), возилата ќе можат да се паркираат без временско ограничување, а секој час време за заземање на паркинг место ќе се наплаќа 20 денари.

Плаќањето за паркинг место ќе се врши на два начина: преку мобилен телефон, со праќање на СМС на бројот 144144, и преку купување на паркинг греб картичка во некој од продажните места.

Зонското паркирање ќе се наплаќа од понеделник до петок (од 07:00 – 21:00) и сабота (од 07:00 – 17:00), додека во недела и во текот на државни празници, паркирањето ќе биде бесплатно.

Непочитувањето на правилата на зонското паркирање ќе биде санкционирано и со издавање на доплатни билети (1000 денари за неправилно паркирање, прекорачување на времето на користењето на паркинг местото…), додека заземање на паркинг место наменето за лицата со посебни потреби доплатниот билет ќе изнесува 3000 денари.

„Отпочнувањето на зонското паркирање ќе започне со период на адаптација од 10 до 15 дена во кој паркирањето ќе се врши по пат на СМС и греб карти, но нема да се врши наплата на користењето на паркинг место. Целта ќе биде граѓаните да се информираат за начините и можностите во делот на организираното паркирање, но и да стекнат навика за користење на паркинг местата и поделеноста на зони. Целта ни е да се воведе организација во сообраќајот и да се зголеми безбедноста на сите учесници’’ – вели Верица Узунова, директор на ЈКП „Паркиралишта’’ – Струмица.

ОВА СЕ УЛИЦИТЕ КОИ ЌЕ БИДАТ ОПФАТЕНИ ВО ЦРВЕНА И ЖОЛТА ЗОНА:

  • „ЦРВЕНА ЗОНА” - го опфаќа подрачјето на следните улици :

-Бул. „МАРШАЛ ТИТО“ (од Бул. Ленинова-Глобал до кружен тек со Бул. Гоце   Делчев и ул. Балканска – фонтана кај поштата);

-Бул. „ЛЕНИНОВА“ (од ул. Маршал Тито-хотел Централ до раскрсницата со ул. 24 Октомври) ;

  • “ЖОЛТА ЗОНА”- подрачјето помеѓу границата со ЦРВЕНАТА зона до улиците:

-Бул. „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ (од кружен тек Бул. Гоце Делчев и ул. Балканска до ул. Климент Охридски-семафори кај Жито Струмица);

-Бул. „ЛЕНИНОВА“ (од ул. 24 Октомври до ул. Климент Охридски-излез кон Добрејци);

-Улица „БАЛКАНСКА“ (од кружен тек Бул. Гоце Делчев и Бул. Маршал Тито – фонтана кај поштата до кружен тек кај ЕВН КЕЦ Струмица);

-Улица „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ (од ул. Балканска – хотел Илинден до ул. Маршал Тито-стара чаршија )

-Улица „МАРШАЛ ТИТО“ – СТАРА ЧАРШИЈА (од кружен тек кај ЕВН КЕЦ до Бул. Ленинова- хотел Централ);

-Улица „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ (од Плоштад Маршал Тито до ул. Ѓуро Ѓаковиќ);

-Улица „БОРО ЏОНИ“ (од ул. Ѓерас Цунев до ул. Јосиф Јосифовски Свештарот);
-Од Крстосница – ПЛОШТАД „МАРШАЛ ТИТО“, ул. „САНДО МАСЕВ“ и ул. „БЛАГОЈ МУЧЕТО“ до крстосницата         ПЛОШТАД „МАРШАЛ ТИТО“,  ул. „ГЕРАС ЦУНЕВ“ и ул. „БОРО ЏОНИ“;

-Посебен паркинг простор на КГС ПАРТИЗАН, како и

-Посебен паркинг простор кај ресторан ЛЕТНИЦА 1.

Comments are closed.