Беласица славеше над Тиверија

Фудбалерите на Беласица во рамки од 6-то коло во 3. МФЛ Исток славеа со сигурни 2:0 против тимот на Тиверија. Стрелци на погодоците беа фудбалерите Глигоров и Донев. Со оваа победа Беласица останува лидер на табелата со 16 бодови, на второто место е Плачковица од Радовиш со 14 бодови. На дното од табелата е тимот на 14 Октомври 1946 со 1 бод и едно место погоре Слога 1934 со 3 освоени бодови.

Во досегашниот тек од сезоната Фудбалерите на Беласица постигнале најмногу погодици односно 20, а примиле 4 погодоци. Најдобра одбрана во овие 6 одиграни кола има тимот на Плачковица кој примиле само 2 погодоци. Во следното коло Беласица гостува кај Брегалница Голак, тим кој што е рангиран на 4-тото место со 10 бодови.

Следното коло се игра во недела со почеток од 15 часот.

Автор: Александар Ванев

Comments are closed.