„100 илјади поети за промена’’ се одржа по четврти пат во Струмица

В сабота, 27 септември, во Струмица се реализираше четвртата по ред манифестација „100 Илјади поети за промена“.

Овој настан е дел од глобалната манифестација „100 Thousand Poets for Change“, меѓународна манифестација која годишно се одржува во повеќе од 100 држави.

Целта е мобилизирање на сите поети ширум светот. Оваа година беа закажани околу 700 настани, во повеќе од 100 држави во светот.

Струмица е веќе четврти пат дел од ова глобално движење кое служи за подигање на свеста кај граѓаните за проблемите со кои се соочуваме секојдневно. Поетите имаат единствена можност преку сопствената ангажирана поезија да проговорат за сите овие проблеми.

Манифестацијата досега се одржала во Кавадарци, Штип, Гевгелија и Скопје, а ќе се одржи и низ други градови од земјава, во следниов период кога и ќе биде промовиран алманахот со поетите учесници на конкурсот и читањата оваа година.

фото: Телеграф.мк

Comments are closed.