Констатирани 45 прекршоци на возачи во Струмица во изминатата недела

Магацин и возило се ограбени во изминатата недела во Струмица, а крадците со себе однеле гумени чизми, текстилна стока и мобилни телефони во вкупна вредност од 40 илјади денари, известуваат од СВР Струмица.

Во периодот од 22 – 29 септември, забележени се 3 пријави на физички напад и три сообраќајни незгоди во кои се повредени три лица.

Полицијата спровела и две акциски контроли на брзина на возењето и откривање и спречување на прекршоци што ги чинат возачите на велосипед со мотор. Во контролите се констатирани 45 прекршоци.

Comments are closed.