Турново минимално поразен на Кукуш од Работнички

Фудбалерите на Турново со минимален резултат од 0:1 беа совладани на домашен терен од тимот на Работнички во рамки од деветото коло во ПМФЛ.
По поразот Турновци сега се наоѓаат на шестото место со 13 бодови. Единствениот погодок на натпреварот го постигна Стојков во 16-тата минута од натпреварот, со што Работнички дома си замина со три бодови.
Во следното коло кое што ќе се одигра на 5 октомври, недела со почеток од 17:30ч. Турново на домашен терен ќе го пречека тимот на Силекс кој што е рангиран на 5-тото место со 13 бодови.
Во досегашниот дел од сезоната фудбалерите на Турново постигнале 11 погодоци, а примиле 12 погодоци. Најдобар стрелец во редовите на Турново е Георгиев со 5 бодоци.
Лидер на табелата останува и понатаму Вардар со 21 бод, тим кој што засега се уште нема доживеано пораз, на второто место е Металург со 17 бодови. На дното од табелата како и во минатите кола Тетекс со 2 бода и едно место погоре односно на деветото место е пласирана Брегалница со 5 бодови.

Автор: Александар Ванев

Comments are closed.