Отворена изложбата по повод 20 години од Струмица во FECC

По повод 20 години од приемот на Струмица во Европската федерација на карневалски градови  (FECC), градоначалникот Зоран Заев синоќа во својот кабинет  приреди прием за гостите од 14 карневалски градови во светот:  Белгија, Бугарија,  Кипар, Холандија, Германија, Франција, Хрватска, Португалија, Малта, Словенија, Шведска, Србија, Украина, и Македонија.

Потоа следеше отварање на изложбата насловена „За 20 години во FECC помеѓу 20 топ улични карневали во светот“ во НУЦК „Антон Панов’’ каде беа преставени фотографии од вековниот развој на карневалот во Струмица, а претседателот на FECC, Фердинанд Ван Дер Крон , врачи меморијални медали на карневалски групи кои со години учествуваат на Струмичкиот карневал.

Покрај одбележувањето на две децении од влезот на Струмица во FECC, гостите од карневалските градови го прославија и 34 – от роденден од постоењето на Европската федерација на карневалски градови .

Comments are closed.