OO СДСМ Василево: Болеста Син јазик коси, власта спие

Прес конференција на ОО СДСМ Василево. Во прилог интегрален текст од денешната прес конференција:

,,Почитувани граѓани,

Сточарите се немоќни да ги заштитат своите стада.

Болеста “Син јазик“ ги коси до смрт овците, козите и говедата што ги одгледуваат.
Загрозена е егзистенцијата на овие луѓе.

Болеста “Син јазик“ што предизвикува смрт кај стоката, се одразува и на намалено производство на млеко од што живеат овие сточарите.

Власта ги остави сами на себе.

-Не презеде превентивни мерки кога болеста пламна.

-Не реагира на очајните повици за помош, што почнаа летото и траат.

Власта на Никола Груевски излезе дури сега да теши дека болеста била во стивнување.
Прво, тоа не го потврдува ситуацијата на теренот.

Второ, неодговорно е да се очекува дека времето ќе биде лек за болеста.

Трето, крајно ризично е да се остават сточарите самите да се справуваат со угинатите грла, што се извор на нови болести и зарази.

Бараме:

• Агенцијата за храна и ветеринарство веднаш да излезе на терен и да преземе мерки за спречување на натамошна ескалација на проблемот.
• Бидејќи болеста се пренесува преку комарците и мушичките, власта веднаш да обезбеди дополнителна дезинсекција и дератизација на шталите и ризичните реони.
• Државата да ги обесштети сточарите за сите угинати грла добиток.
Соседна Бугарија веќе најави дека ќе одвои дури 2,5 милиони евра државна помош за сточарите во земјата, како компензација за загубите настанати од болеста “Син јазик“.

За власта во Македонија, сточарите, како и другите граѓани, се само бројка за обезбедување пред избори.” – изјави денеска Роберт Јанков од Општинската организација на СДСМ – Василево.

Comments are closed.