Проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“ презентиран во Србија

Во рамките на проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“, финансиран од Детската фондација Песталоци и имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование и општина Струмица како пилот општина, во периодот од 20 до 24 септември во Нови Сад, Република Србија, се одржа регионална размена на која присуствуваа и претставници од општина Струмица.

На заедничките средби со претставниците од Граѓанскиот фонд Панонија и преку посетата на повеќе училишта кои веќе поминале низ деветгодишните проектни активности, беа согледани научените лекции и презентирани добрите пракси.

Од страна на претставниците од општина Струмица беа претставени активностите кои во овој тригодишен период од имплементацијата на проектот со поддршка од општината се изведуваа во ООУ „Маршал Тито“ од Муртино и ООУ „Маршал Тито“ од Струмица.

Comments are closed.