Турново ремизираше со Брегалница во Купот на Македонија

По одиграните први 1/8-финални натпревари во кој Турново и Брегалница ремизираа (0:0) на стадионот на „Кукуш“.Турново на тој начин без предност ќе патува на реваншот кај штипска Брегалница, откако домаќините не успеа да дојдат до минимална победа. Следен натпревар за Турново е натпреварот во лигата на домашен терен против Работнички кој што ќе се одигра во недела.

Најубедлива победа во купот беше забележана од страна на Ренова која што успеа со високи 1:4 да слави над КФ Гостивар.
Во дуелот на прволигашите Шкендија славеше минимално со 2:1 на домашен терен во Тетово против лидерот во шампионатот Вардар

Куп на Македонија – 1/8 Финале (први натпревари):

КФ Гостивар 1:4 Ренова
Миравци 2:0 Напредок
Пелистер 0:0 Работнички
Победа 1:1 Дрита
Шкендија 2:1 Вардар
Шкупи 1:1 Тетекс
Силекс 1:1 Еуромилк
Турново 0:0 Брегалница

Автор: Александар Ванев

Comments are closed.