Градоначалникот Заев:Наместо државата проблемите на учениците ги решава општината

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска го посети подрачното училиште „Даме Груев“ во населеното место Свидовица, во кое поради проблемите со покривот на училиштето наставата не се одвиваше. Овој проблем е во надлежност на министерството за образование, но по одговорот од таму, дека истиот ќе се реши до 2018 година, а во интерес на децата, градоначалникот Заев и општината одлучија со општински пари да го заменат покривот на училиштето. Градоначалникот денеска им ја соопшти оваа одлука на родителите, кои заблагодарувајќи му се за понуденото решение, изјавија дека од понеделник ќе ги пуштат децата на училиште.Се реши еден голем проблем на општо задоволство на општината, на родителите и учениците.

Дечињата, вкупно 17 од прво до петто одделение, овде во подрачното училиште во Свидовица не посетуваа настава од почетокот на учебната година. Проблемот е со кровот кој прокиснува и поради кој нема соодветни услови за изведување настава. Капиталните инвестиции секако се надлежност на министерството за образование, по нашата реакција ни беше одговорено дека до 2018 година е влезено во програмата и дека најверојатно во наредните четири години ќе се реши оваа проблематика. Овој проблем не трпи месеци, а не години. Заедно со советниците од општина Струмица и општинската администрација изнајдовме начин да две улици во Струмица кои оваа есен треба да се реализираат со втор асфалтен слој кои се во состојба во која можат да издржат до наредната година, средствата ги пренаменивме директно за промена на кровот на училиштето во село Свидовица и одобрено е веќе од општинската администрација, наредните денови очекуваме тендерот да се распише и до крајот на октомври треба да почнат градежните работи за промена на кровот.

Ова денеска им го соопштивме на родителите, на општо задоволство сите прифатија и од понеделник дечињата ќе тргнат на училиште. Сакам да испратам еден апел. Додека министерството за образование се занимава со тоа, кој наставник, кој учител ќе протестира за своите права од работен однос, или не, како да го спречат протестот или не, апелирам директно да се впуштат во решавање на конкретни проблеми кои што постојат во Република Македонија. Еден од таквите проблеми во моментот еве го решаваме, но навистина има многу проблеми во многу подрачни, централни или средни училишта во нашата земја кои навистина треба брзо да бидат решени. Тоа е надлежноста на сите институции, дали се државни или општински, а во делот на она каде што се троши енергија во моментот, навистина е банално и непотребно, затоа апелирам да се насочиме кон решавање на конкретни проблеми од кои зависи наставата на дечињата, а секако образовниот процес постои за нив, како ученици и секако за генерациите кои што доаѓаат после нас, рече градоначалникот Заев.

За замена на покривот научилиштето во Свидовица, општината издвои 1.295.000 денари.

Comments are closed.