Васко Пиличев добитник на овогодишната награда за успешна професорска работа

Според постигнатите успеси на државните и меѓународни натпревари и бројот на учениците кои учествуваа на нив, професорот по гитара во Музичкото училиште „Боро Џони” од Струмица, м – р Васко Пиличев, е прогласен за најуспешен педагог во оваа област за 2014 година. Наградта ја доделува Здружението на музички и балетски педагози на Македонија, членка на „Europen Union of music competitions for youth’’.

„Како и секоја друга награда и оваа ми е многу драга и ми дава мотивација да продолжам со истото темпо” – вели Пиличев за својот успех.

Инаку, секоја година Здружението на музички и балетски педагози на Македонија доделува три награди: награда за успешна едногодишна работа, за успешна повеќегодишна работа и награда за животно дело.

Наградите ќе бидат врачени на 12 декември.

Comments are closed.