БИДЕТЕ ВО ТЕК СО НОВОТО ВРЕМЕ, УЧЕТЕ СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ СО ЛИНГВА НОВА!

ДЕНЕСКА, 26 СЕПТЕМВРИ Е ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ.

УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК, ПРИЈАВЕТЕ СЕ!

ДЕНЕСКА ВО ЦЕЛА ЕВРОПА СЕ ОДБЕЛЕЖУВА ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ. ЛИНГВА НОВА СЕ ПРИКЛУЧУВА КОН ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО И АПЕЛИРА КОН СИТЕ – ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО СВОЕТО ИЛИ ОБРАЗОВАНИЕТО НА СВОИТЕ ДЕЦА. ТОА Е ИНВЕСТИЦИЈА КОЈА НИКАКО НЕМОЖЕ ДА БИДЕ ЗАЛУДНА. БИДЕТЕ ВО ТЕК СО НОВОТО ВРЕМЕ, УЧЕТЕ СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ СО ЛИНГВА НОВА!!! Советот на Европа го прогласи Европскиот Ден на Јазиците секоја година да се слави на 26 септември. Општите цели на Европскиот Ден на Јазиците се:

1. Известување на јавноста за важноста на учењето на јазици и проширување на листата на изучени јазици со цел да се зголеми плурилингуализмот и меѓукултурното разбирање;

2. Промовирање на богатата јазична и културна разноликост на Европа, која мора да се чува и негува;

3. Поттикнување на доживотното учење јазици во и надвор од училиштата, дали за студирање, за професионални потреби или за задоволство и размена.

Глобализацијата и развојот на сопственоста во фирмите надовестува дека граѓаните сè повеќе имаат потреба од познавање на странски јазик за да работат ефективно дури и во нивните земји. Познавањето само на Англиски јазик веќе не е доволно.

Европа е богата со јазици – постојат повеќе од 200 европски јазици и многу повеќе зборувани и користени од граѓани кои потекнува од другите континенти. Ова е важен ресурс кој треба да се користи и негува.

Учење на јазик носи бенефиции за млади и стари – никогаш не сте премногу стари за да научите странски јазик и да уживате во можностите што ги отвора. Дури и ако знаете само неколку зборови на јазикот во земјата што ја посетувате (на пример на одмор), ова ви овозможува да создадете нови пријателства и контакти.

Учење на јазиците од другите народи е начин кој ни помага подобро да се разбереме едни со други и да ги надминеме нашите културни разлики.

Comments are closed.