Струмица ќе биде домаќин на меѓународно рели со теренски возила и автомобили

Општина Струмица ќе биде домаќин на 35-то меѓународно рели и рели крос со теренски возила и автомобили – Струмица 2014. Релито ќе се одржи на 11 октомври со почеток во 12 часот на излезот од Струмица кон Валандово.

Трките ќе бидат поделени во четири категории и тоа, трка со џипови, трка со автомобили, трка со олдтајмери и во посебна категорија се жените.

На меѓународното рели ќе учествуваат 30 учесници од Македонија, Грција, Бугарија, Албанија, Србија и Романија. Генерален покровител е градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.

Comments are closed.